Monthly Archives: February 2019

Премиерот Заев во Иловица и Штука: Го слушаме гласот на граѓаните

Премиерот Зоран Заев придружуван од министерот за економија, Крешник Бектеши, вчера, во Иловица во организација на општина Босилово и градоначалникот, Зоран Зимбаков одржа средба со граѓани од населените места Иловица и Штука, при што даде изјава и одговараше на новинарски прашања кои Ви ги пренесуваме во целост.   „Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, вечерва сме овде со министерот за ...

Read More »

Состојба на Патиштата, Понеделник, 11.02.2019

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. ИЗВЕСТУВАЊЕ: ГП Виадукт трејд ДООЕЛ- Гостивар известуваат дека градежни активности ќе се изведуваат на обиколница односно на делот од Хиподром до Стенковец во времетраење од денес понеделник 11.02.2019 до 13.02.2019 (среда). ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања ...

Read More »

Премиерот Заев со Координативното тело на граѓански здруженија за животна средина

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, придружуван од заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, денеска се сретна со членови на Координативното тело на граѓански здруженија за животна средина во земјата, кои заедно со Министерството за животна средина и просторно планирање соработуваат  за заштита и подобрување на состојбите во овој сектор.   На средбата, премиерот Заев изрази ...

Read More »

Вицепремиерот Анѓушев и Министерот Филипче на средба со IFC во Белград

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев и министерот за здравство д-р Венко Филипче, денес во Белград се сретнаа со директорот на регионалната канцеларија на Меѓународната финансиска корпорација за Централна и Југоисточна Европа (IFC-International Finance Corporation), г-дин Томас Лубек, со кого разговараа за можностите за поддршка од страна на IFC, дел од групацијата на Светска Банка, ...

Read More »

Средба на премиерот Заев со британската амбасадорка Галовеј: Членството во НАТО е голема победа за државата

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со Рејчел Галовеј, амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Амбасадорката Галовеј му честиташе на Премиерот Заев за  потпишувањето на Протоколот за пристапување на Република Македонија во НАТО. Таа истакна дека  интеграцијата на Република Македонија во НАТО е голема победа за државата бидејќи отвора перспективи за ...

Read More »

Премиерот Заев на средба со Нина Костовска: Да продолжиме да креираме општество еднакво за сите

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев се сретна со Нина Костовска, наша сограѓанка од Тетово, која својот живот го поминува со Даунов синдром. Во разговорот со премиерот Заев таа ја раскажа својата приказната и животен пат, како и предизвиците со кои секојдневно се соочувала, но исто така истакна дека во ниту еден момент не се откажала, ниту пак ...

Read More »

Премиерот Заев и министерот Бектеши: Продолжуваат консултациите помеѓу институциите, пазарџиите и другите засегнати страни

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и министерот за економија, Крешник Бектеши вчера се сретнаа со граѓани кои работат на пазарите чиешто здружение е во процес на формирање и регистрација. На средбата Премиерот Заев и министерот Бектеши ги слушнаа аргументите и барањата на граѓаните што работат на пазарите и ги потврдија заложбите на Владата на Република Македонија дека ...

Read More »

Состојба на Патиштата, Петок, 08.02.2019

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа ...

Read More »

Учество на МНР Димитров нa Пристапниот протокол за членство на Република Македонија во НАТО

„Ви благодарам многу. Драг генерален секретар, драг Јенс, амбасадори, колеги, пријатели, штотуку слетав утрово од Вашингтон, па ве молам имајте разбирање за мене, уморен сум и многу емотивен. Ова беше долго патување. Ја споменавте Европа цела и слободна и ова беше ветување што го дадовме со уште девет земји во 2000 година, кога ја потпишавме Изјавата од Вилнус. Македонија, наскоро ...

Read More »

Средба на премиерот Заев со поглаварите и претставници на верски заедници во Република Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со поглаварите и претставници на верските заедници наведени во Уставот на Република Македонија, поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија,  Митрополит Скопски, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, г.г. Стефан, поглаварот на Исламската Верска Заедница во Република Македонија, Рејз Ул Улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи, поглаварот ...

Read More »