Состојба на Патиштата, Среда, 27.02.2019

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

ИЗВЕСТУВАЊЕ: На ден 28.02.2019 (четврток) од 09:30ч. до 10:00ч. ќе има прекин во напојувањето со електрична енергија во тунелите кај Демир Капија на автопатот, поради изведување на електричарски работи од ЕВН.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Потсетување за возачите, дека законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, трае до 15 март. На овој линк ќе најдете повеќе информации што се подразбира под зимска опрема.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

РАБОТИ НА ПАТ:

Г.П. Илинден – Струга известува дека од 16.02.2019 (сабота) поради изведување на градежни работи на пат, регионалниот патен правец Р1208 Охрид – Струга, на делот од с. Подмоље до Еврохотел – Струга, ќе биде затворен за сообраќај за сите видови на возила до завршување на градежните работи. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Од 08.02.2019 година на патниот правец А4 Скопје – Петровец и обратно, поточно на патниот јазол Петровец, извршена е трајна измена на режимот на сообраќај на тој начин што е затворен исклучокот од автопатот Скопје – Велес, кој води кон с. Петровец, а се наоѓа пред н. с. Петровец и истиот е поместен по н. с. Петровец. Oд патниот правец Велес – Скопје исклучокот за с. Петровец е поместен пред н. с. Петровец, а затворен е исклучокот кој се наоѓа по н. с. Петровец.
Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно кон јазолот и да ја почитуваат новопоставената сигнализација.

Времен режим на наплатните станици:

Друштвото Асфалт Дооел Скопје известува дека порaди изведување на градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатните станици за патарина, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобренијата за времен режим на сообраќај и тоа на:

-наплатна станица Романовце во период од 15.09.2018 до 14.03.2019 год.

-наплатна станица Градско во период од 01.11.2018 до 01.04.2019 год.

Ги предупредуваме возaчите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од ново поставената сообраќајна сигнализација.

Илинден АД Струга известува дека согласно Одобрението за времена измена на режим на сообраќај, на магистралниот пат А2, делница Кичево – Охрид (Мала Река – Славеј Плаина) од 10.08.2018 се воведува времена измена на сообраќајот со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Измената ќе трае до завршување на градежните работи.

Од 21.05.2018 година започна изградбата на Експрес пат А4, Штип- Радовиш, на следниот потег: клучка Штип југ (Софилари)- Бучим (км 5+000 до км 28+560) согласно Договор бр. 001-ЕБРД/17.

Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*