Во древните долини на Македонија, очај од воздушно загадување

Поранешната Југословенска Република, спора со реформи и завземена со кавгите со Грција, секоја зима се бори со најлошото загадување во Европа.

Драган Ѓорѓиев ја носи изморената насмевка на човек кој живее и работи на поделената крстосница помеѓу науката за воздушното загадување и политиките на истото. Порано во неделата, Македонското Министерство за Здравје објавило план да се субвенционираат и раздадат околу 50.000 маски со воздушни филтри до ранливи граѓани, а медицински професор на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, како и советник за полиси на Министерството за Здравство, беше замолен за извештај до политичкото лидерство, како и јавноста, за сериозниот импакт кој го има воздушното загадување.

Во главни црти, Македонија не добива добри вести: Според пресметките на Ѓорѓиев, смртни случаи на околу 2000 Македонци секоја година, најголемиот дел од кои во Скопје, можат директно да се поврзат со штетна мешавина која се издига од огништата на куќите, издувните цевки на автомобилите, неуморните емисии од јагленските централи за струја, како и мнозинство на други помали индустрии. Во зимските месеци, кога ветерот е спор и топлиот воздух кој е високо во атмосферата го поттиснува ладниот и потежок воздух долу во Скопската котлина, маглата се вдомува преку градот како ќебе – постојана и со примеси на пепел и хемии.

Бројките на Ѓорѓиев се конзервативни, додека кај други проценки на смртни случаи предизвикани од ваквиот воздух се уште повисоки. Која и да е точната мерка, Македонија ја има репутацијата за една од земјите со најголемо загадување во светот. Северозападниот град Тетово ја има заслужено највисоката позиција на повеќе такви списоци, но тоа најверојато ќе се промени – баремпривремено – по затварањето на масивниот загадувач, фабриката Југохром Фероалојс. Во меѓувреме, во сивата зима, воздухот во Скопје е меѓу најлошите во светот и според Ѓорѓев маските се полумерка во најдобар случај.

„Ако започнеме да ги користиме маските, тогаш сме ја изгубиле битката,“ рече тој, посочувајќи дека неколку пати владини службеници го прашале да ги намали проценките, илипак да ја ублажи неговата порака. „Тоа значи дека нема колективни мерки.“

Колективни мерки се тешки во планинскиот регион, иако веќе со години е познато дека воздушното загадување убива Македонци – и покрај нагласените ветувања од страна на политичарите дека пристигнуваат промени. Секако, после 11 години на власт, претходната влада беше променета во 2017 помеѓу критики за нивните недостигнувања за средината. Нивните наследници пристигнаа со ветувања за зелени реформи и додека некои фабрики се во процес, загадувањето на воздухот продолжува, во најголем ден, непопречено. Ѓорѓев е исто така меѓу луѓето кои сметаат дека нема да се случи промена преку ноќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*