Состојба на Патиштата, Понеделник, 19.11.2018

Забраните за сообраќај на тешки товарни возила, на патните правци Крива Паланка – Деве Баир. и Делчево – г. п. Делчево, се укинати.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози и на места со остатоци од кашест снег по коловозите. Препорачуваме намалена брзина на движење и исклучително внимателно управување со возилата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година.На овој линк ќе најдете повеќе информации што се подразбира под зимска опрема.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.

РАБОТИ НА ПАТ:

ЕВН известува дека од 03.10.2018 година напојувањето на тунелите на патот Демир Капија – Смоквица од страна на Демир Капија ќе биде исклучено. Од оваа причина напојување ќе има само од страна на Удово. Доколку дојде до прекин во напојување од двете страни, сообраќајот на автопатот Демир Капија – Смоквица во двете насоки ќе се одвива под посебни услови во тунелите.

Од 16.10.2018, ЈП Македонијапат изведува градежни работи (машинско асфалтирање, надоградба на постоечката подлога на коловозот) на патниот правец А2 Тетово – Гостивар крак – с. Неготино од 08:00 до 16:00 часот, од понеделник до сабота. Додека се изведуваат градежните работи тешките товарни возила нема да можат да го користат овој патен правец. На местото на изведување на градежните работи ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација како и физичко обезбедување со знаменца, а сообраќајот ќе се одвива наизменично во двата правци.

Од 01.10.2018 ЈП Македонијапат подружница Штип изведува градежно асфалтерски работи на повеќе регионални патни правци од кои Р-1402 на од с. Куклиш до с. Банско, на Р2345 од Виница – с. Бигла и на Р1204 од Свети Николе до Павлешенци од 09:00 до 17:00 часот.

На 04.10.2018 (четврток) ЈП Македонијапат подружница Велес ќе изведува асфалтерски работи на регионалниот пат Р-1102 на потегот од с.Смоквица до с.Прдејциод 09:00 до 17:00 часот. Во периодот на работа сообраќајот ќе се одвива по автопатот А1Смоквица-Гевгелија во двата правци.

На местата на изведување на работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Илинден АД Струга известува дека од 25.08.2018 година, поради рехабилитација на битолската обиколница, на потегот од бензинската ЛукОил, на влез од Битола, до с. Крклино, сообраќајот ќе биде во прекин се до завршување на градежните работи, истиот ќе се пренасочува преку градот Битола.

Виадукт Трејд Дооел – Гостивар известува дека од 20.08.2018 година, се изведуваат градежни активности – Рехабилитација на обиколка на Скопје (клучка Стајковци – клучка Мирковци) возна и брза лента, во времетраење од шест месеци.

Времен режим на наплатните станици:

Друштвото Асфалт Дооел Скопје известува дека порaди изведување на градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатните станици за патарина, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобренијата за времен режим на сообраќај и тоа на:

-наплатна станица Романовце во период од 15.09.2018 до 14.03.2019 год.

-наплатна станица Градско во период од 01.11.2018 до 01.04.2019 год.

-наплатна станица Петровец во период од 24.10.2018 до 24.11.2018 год.

Ги предупредуваме возaчите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од ново поставената сообраќајна сигнализација.

Илинден АД Струга известува дека согласно Одобрението за времена измена на режим на сообраќај, на магистралниот пат А2, делница Кичево – Охрид (Мала Река – Славеј Плаина) од 10.08.2018 се воведува времена измена на сообраќајот со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Измената ќе трае до завршување на градежните работи.

Од 21.05.2018 година започна изградбата на Експрес пат А4, Штип- Радовиш, на следниот потег: клучка Штип југ (Софилари)- Бучим (км 5+000 до км 28+560) согласно Договор бр. 001-ЕБРД/17.

Продолжуваат градежните работи за рехабилитација на државниот пат А2 делница од Гостивар ( мост кај село Здуње ) до село Колари, како и санација на мостовите на истата делница во должина од 28,5 км. Истовремено се изведуваат градежни работи на санација на мостовите на истиот државен пат. Во моментот се изведуваат градежни работи на мост Атанасова Река во должина од 110 м1. Сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента и истиот е регулиран со семафори.

ДГ Бетон АД Скопје известува дека од 21.02.2018 има градежни активности за Рехабилитација на државниот пат Р1102, делница од Петровец до Катланово, во делот од натпатникот Коњари кон Катланово (стариот пат). За таа потреба, воведена е времена измена на режимот на сообраќајот и поставена е соодветна сообраќајна сигнализација на истата делница.

Од 15.11.2017 година започнаа градежни активности за изградба на клучката Ванчо Прќе на Експресен пат А3, делница од Пробиштип до с. Крупиште на регионланиот пат P1205. За таа потреба е воведена времена измена на режим на сообраќајот и поставена е соодветна сообраќајна сигнализација на оваа делница.

На патниот правец Р 1308 Макази – г.п. Маркова Нога поради свлечиште кај м.в. Долги Рид сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*