Состојба на Патиштата 26.09.2018

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловоз. На 26.09.2018 (среда) ЈП
Македонијапат подружница Велес ќе изведува асфалтерски работи на регионалниот пат Р-1105
на потегот од село Давидово до Удово од 09.00 до 17.00 часот. Сообраќајот ќе се пренасочува
кај клучката кај село Миравци по стариот пат А1е. На местото на изведување на работите ќе
биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На
граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на
поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони,
особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово,
Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес,
Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Илинден АД Струга известува дека од 25.08.2018 година, поради рехабилитација на
битолската обиколница, на потегот од бензинската ЛукОил, на влез од Битола, до с.
Крклино, сообраќајот ќе биде во прекин се до завршување на градежните работи. Истиот ќе се
пренасочува преку градот Битола.
Виадукт Трејд Дооел – Гостивар известува дека од понеделник, 20.08.2018 година, ќе се
изведуваат градежни активности – Рехабилитација на обиколка на Скопје (клучка Стајковци –
клучка Мирковци) возна и брза лента, во времетраење од шест месеци.
Илинден АД Струга известува дека согласно Одобрението за времена измена на режим на
сообраќај, на магистралниот пат А2, делница Кичево – Охрид (Мала Река – Славеј Планина)
од 10.08.2018 воведе времена измена на сообраќајот, со девијации (преминување од една
коловозна лента во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Измената
ќе трае до завршување на градежните работи.
Виадукт Трејд – Гостивар ќе изведуваат градежни активности за изградба на пешачка патека на
потег Петровец – Р’жаничино, дел од регионален пат Р – 1102, Општина Петровец, Скопје во
времетраење од деведесет дена почнувајќи од вторник (26.06.2018).
Друштвото АСФАЛТ ДОЕЛ СКОПЈЕ известува дека порaди изведување на градежни работи за
изградба на електронски систем за наплата на наплатните станици за патарина, сообраќајот ќе
се одвива согласно Одобренијата за времен режим на сообраќај, и тоа на:
– наплатната станица Петровец во периодот од 01.08.2018 до 30.09.2018 ;
– наплатната станица Градско во периодот од 08.08.2018 до 07.10.2018 ;
– наплатната станица Гевгелија (на магистралниот пат А1, делница Демир Капија-Гевгелија) во
периодот од 21.06.2018. до 18.10.2018 ;
– наплатната станица Романовце во периодот од 15.09.2018 до 14.03.2019 год.
Ги предупредуваме возaчите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата
на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од ново поставената
сообраќајна сигнализација.
Oд 21.05.2018 година, започна изградбата на Експрес пат А4, Штип- Радовиш, на следниот
потег: клучка Штип југ (Софилари)- Бучим (км 5+000 до км 28+560) согласно Договор бр. 001-
ЕБРД/17.Ги молиме сите учесници во сообраќајот за внимателно движење на овој потег, прилагодување
на брзината и почитување на поставената времена сообраќајна сигнализација поради
започнувањето и преземањето на градежни активности.
Продолжуваат градежните работи за рехабилитација на државниот пат А2 делница од
Гостивар (мост кај село Здуње) до село Колари, како и санација на мостовите на истата
делница во должина од 28,5 км.
Истовремено се изведуваат градежни работи на санација на мостовите на истиот државен пат.
Во моментот се изведуваат градежни работи на мост Атанасова Река во должина од 110 м.
Сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента и истиот е регулиран со семафори. Вкупното
времетраење на рехабилитацијата на сообраќајницата и мостовите е предвидено да трае 15
месеци односно завршувањето на градежните активности барем во овој момент е предвидено
да завршат 2018 година во месец септември.
ДГ Бетон АД Скопјеизвестува дека од 21.02.2018 ќе се започне со градежни активности за
Рехабилитација на државниот пат Р1102, делница од Петровец до Катланово, во делот од
натпатникот Коњари кон Катланово (стариот пат). За таа потреба, ќе биде воведена времена
измена на режимот на сообраќајот и поставена соодветна сообраќајна сигнализација на истата
делница.
Од 15.11.2017 година започнаа градежни активности за изградба на клучката Ванчо Прќе на
експресен пат А3, делница од Пробиштип до с. Крупиште на регионалниот пат P1205. За
таа потреба воведена е времена измена на режим на сообраќајот и поставена е соодветна
сообраќајна сигнализација на оваа делница.
На патниот правец Демир Капија – Неготино, на делот од Неготино до Острово, сообраќајот се
одвива по дел од новиот автопат во должина од 4 км. По овој дел сообраќајот пак се враќа на
магистралниот пат Р103.
На патниот правец Р 1308 Макази – г.п. Маркова Нога поради свлечиште кај м.в. Долги Рид
сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место
поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*