Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е
зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и
почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е
појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево,
Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово,
Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА на државните патишта во Република Македонија: Од
01.07.2018 година започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период, од
01.07 до 31.08, на државните патишта во Република Македонија, со кој се забранува движење
на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од
викендот и за денови при екстремно високи температури. Временските интервали се следни:
петок 17:00 – 22:00 часот, сабота 09:00-18:00 часот и недела 09:00-22:00 часот. Во деновите со
екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи
и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот. Ограничувањето не се
однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе,хуманитарна помош, жито и житни култури
и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои
вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на
државните патишта со ЈП за Државни патишта.
ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА на магистрален пат А2: Од 01.07.2018 година започна
со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 01.09 на
магистрален пат А2 делница: Скопје-Охрид-Скопје со кој се забранува движење на тешки
товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите. Временските
интервали се следни: петок 15:00-22:00 часот, сабота 07:00-12:00 и 18:00-24:00 часот и недела
07:00-22:00 часот. Овој посебен режим на сообраќај се воведува во текот на летото со цел
избегнување на застојот во сообраќајот на патната делница кон најпосетуваното туристичко
место во Република Македонија, намалување на застоите на пунктовите за наплата на патна
такса и воопшто побрз проток на возилата и непречено движење на туристите.
Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат живи животни, цвеќе, хуманитарна
помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока.
РАБОТИ НА ПАТ:
Виадукт Трејд Дооел – Гостивар известува дека од понеделник, 20.08.2018 година, ќе се
изведуваат градежни активности – Рехабилитација на обиколка на Скопје (клучка Стајковци –
клучка Мирковци) возна и брза лента, во времетраење од шест месеци.
Илинден АД Струга известува дека согласно Одобрението за времена измена на режим на
сообраќај, на магистралниот пат А2, делница Кичево – Охрид (Мала Река – Славеј Планина) од
10.08.2018 воведе времена измена на сообраќајот, со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Измената
ќе трае до завршување на градежните работи.
Виадукт Трејд – Гостивар ќе изведуваат градежни активности за изградба на пешачка патека на
потег Петровец – Р’жаничино, дел од регионален пат Р – 1102, Општина Петровец, Скопје во
времетраење од деведесет дена почнувајќи од вторник (26.06.2018).
Друштвото АСФАЛТ ДООЕЛ СКОПЈЕ известува дека поради изведување на градежни работи
за изградба на електронски систем за наплата на наплатна станица Гевгелија во периодот од
21.06.2018 г. до 18.10.2018 г. на магистралниот пат А1, делница Демир Капија – Гевгелија,
наплатна станица Гевгелија и обратно воведена е времена измена на режим на сообраќајот и
поставена е соодветна сообраќајна сигнализација на оваа делница. Измената ќе трае до
завршување на градежните работи и возачите се предупредуваат да пристапуваат внимателно.
Oд 21.05.2018 година, започна изградбата на Експрес пат А4, Штип- Радовиш, на следниот
потег: клучка Штип југ (Софилари)- Бучим (км 5+000 до км 28+560) согласно Договор бр. 001-
ЕБРД/17.
Ги молиме сите учесници во сообраќајот за внимателно движење на овој потег, прилагодување
на брзината и почитување на поставената времена сообраќајна сигнализација поради
започнувањето и преземањето на градежни активности.
По изминување на зимската сезона за одржување продолжуваат градежните работи за
рехабилитација на државниот пат А2 делница од Гостивар ( мост кај село Здуње ) до село
Колари, како и санација на мостовите на истата делница во должина од 28,5 км.
Истовремено се изведуваат градежни работи на санација на мостовите на истиот државен пат.
Во моментот се изведуваат градежни работи на мост Атанасова Река во должина од 110 м1.
Сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента и истиот е регулиран со семафори. Вкупното
времетраење на рехабилитацијата на сообраќајницата и мостовите е предвидено да трае 15
месеци односно завршувањето на градежните активности барем во овој момент е предвидено
да завршат 2018 година во месец септември.
ДГ Бетон АД Скопје известува дека од 21.02.2018 ќе се започне со градежни активности за
Рехабилитација на државниот пат Р1102, делница од Петровец до Катланово, во делот од
натпатникот Коњари кон Катланово (стариот пат). За таа потреба, ќе биде воведена времена
измена на режимот на сообраќајот и поставена соодветна сообраќајна сигнализација на истата
делница.
ГП ИЛИНДЕН – Струга известува дека од 30.01.2018 год. на регионалниот патен правец Р –
1301 од Билјанини извори – населба Коњско ќе започне измената на режимот на сообраќај
поради изведување на градежни работи на пат. На местата на градежните работи ќе биде
поставена вертикална и хоризонтална сигнализација.
Од 15.11.2017 година започнаа градежни активности за изградба на клучката Ванчо Прќе на
експресен пат А3, делница од Пробиштип до с. Крупиште на регионалниот пат P1205. За таа
потреба воведена е времена измена на режим на сообраќајот и поставена е соодветна
сообраќајна сигнализација на оваа делница.
Илинден АД Струга известува дека согласно Одобрението за времена измена на режим на
сообраќај, на магистралниот пат А2, делница Кичево – Охрид (Пресека – Песочани) на две
точки на овој потез, од 2+397км до 3+910км, и од 7+060 км до 11+498 км, од 20.09.2017 е
воведена времена измена на сообраќајот со девијации (преминување од една коловозна лента
во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Измената ќе трае до
завршување на градежните работи.
На патниот правец Демир Капија – Неготино , на делот од Неготино до м.в.Острово,сообраќајот
се одвива по дел од новиот автопат во должина од 4 км. По овој дел сообраќајот пак се враќа
на магистралниот пат Р103.
Друштвото „Бетон АД Скопје“ извести дека од 20.10.2017 год. започнaa градежни активности –
реконструкција и рехабилитација на државниот пат А2 делница Сарај – Групчин. За таа
потреба, ќе биде воведена времена измена на режим на сообраќајот.
На магистралниот пат А2 патен правец Кичево – Охрид (Пресека – Песочан ) од 3+300 км до
5+600 км од 21.12.2017 воведена е времена измена на сообраќај со девијации (преминување
од една коловозна лента во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
ВНИМАТЕЛНО: На патниот правец Р 1308 Макази – г.п. Маркова Нога поради свлечиште кај м.в.
Долги Рид сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото
место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.