Денешните разговори што се слушнаа во предметот „Титаник“ што се води против поранешното високо раководство на ВМРО-ДПМНЕ се уште една потврда за злоупотребите коишто 11 години ги правеше режимот.
Денеска јавноста уште еднаш слушна како се нарачувале и се пласирале во јавноста лажни анкети преку кои се манипулирале граѓаните.
Анкетите на Божиновски биле нарачани по принципот „ало Миле“ што е уште потврда дека анкетите на Институтот за политички истражувања се лажни и единствено во функција на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ не може да функционира во фер и демократски услови, за нив е важен единствено партискиот интерес и одбрана на криминалот.
Граѓаните го поразија режимот. ВМРО ДПМНЕ и ваквото однесување се минато.
Македонија оди напред, се гради како нормална, слободна, демократска држава.
Членството во ЕУ и НАТО носат функционирање по европски правила. Затоа, граѓаните на референдумот на 30 септември ќе кажат да за членство во ЕУ и НАТО, да за македонската иднина.
Центар за Комуникации на СДСМ