Почитувани граѓани,
Пред нас е историска, најдобра и фер шанса, која што имаме заедничка одговороност да ја искористиме.
Со македонско-грчкиот договор вложуваме во нашата заедничка иднина. Обезбедуваме членство во НАТО и ЕУ со зајакнат и признаен македонски идентитет, еднаш-засекогаш.
Нашата татковина станува сојузиник на НАТО и ЕУ нациите кои имаат силен економски развој.
Со членството во Европската унија ќе се зголемат значително фондовите кои ЕУ ги вложува во нашата инфраструктура. Ќе има многу повеќе пари и ќе се градат нови патишта, мостови, водоводи, канализации, пречистителни станици, училишта, градинки. Се тоа за подобар живот, за подобро утре на нашите деца.
Членството во ЕУ ги зголемува домашните и странските инвестиции. Новите инвестиции ќе донесат повеќе пари, нови работни места, повисок БДП и повисок животен стандард.
Пример за тоа се земјите коишто станеле членки на ЕУ. На пример, во периодот од 2004 до 2017 година, бруто домашниот производ на Унгарија се зголемил за 23% на Чешка се зголемил за 37% проценти а дури за 63% се зголемил БДП во Полска.
Конечно, обезбеден и зајакнат е македонскиот идентитет, го чуваме историското културно наследство, македонскиот јазик е признаен засекогаш.
Поетска Струга најдобро знае колку значи тоа, за македонскиот јазик, за нашата култура, традиција, за нас.
Почитувани граѓани,
Придобивките од членството во Европската унија се огромни. Интеграцијата на Македонија во ЕУ ќе значи зголемување на животниот стандард за сите наши граѓани но ќе значи и признавање на нашиот идентитет.
Од овде, од градот на поезијата, од градот на Миладиновци, од мултиетничка Струга ве повикувам заедно да ја донесеме одлуката за нашата иднина, за иднината на нашите деца.
На референдумот на 30-ти септември да кажеме да за членство во ЕУ и НАТО со зачуван идентитет.
ДА за македонската иднина!
Јован Митревски,
Пратеник од СДСМ