ВМРО-ДПМНЕ: Договорот со Грција не Носи Економски Придобивки, само го Уништува Идентитетот

Дали вас или на било кои од луѓето кои што се вработени, вашите медиумски колеги  во просторијава им е зголемена платата?

Нормално дека не. Би сакал да потсетам само на растот на БДП кој што е некаде околу нула а можеби ќе биде и во минус, и би сакал да потсетам на реализацијата на капиталните инвестиции која што е смешна како никогаш до сега и никогаш не била толку ниска. Така да тоа е одговорот како всушност економијата е отидена напред. Тоа не е точно. Не е отидена напред, платите можеби се помали, пензиите не се зголемени, економијата тапка во место, фирмите и стопанството се пред колапс и тоа го кажуваат самите сопственици на фирмите.

Договорот со Грција го гарантирал македонскиот идентитет, односно јазик и нација?

Кој идентитет, на граѓаните на Северна Македонија? Со штетниот договор не се гарантира ништо македонско. Доволен показател е, и би ги повикал господата од СДСМ да ги отворат и да ги слушнат изјавите на  грчките политичари кои јасно си кажуваат дека се брише се што е македонско со овој штетен и капитулантски договор кој што ни го приредија СДСМ.

 

Димче Арсовски,

ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*