Почитувани,
Вчерашниот ден уште еднаш покажа дека Ѓорге Иванов се води од лични и теснопартиски, а не од интересите на граѓаните и државата.
Додека целиот државен врв одлучно порача да тргнеме кон иднината, само Иванов повика да останеме заглавени во минатото на омраза, поделби, криминал и неказнивост.
Додека граѓаните ги славеа заедништвото и сплотеноста, Иванов разгоруваше и поттикнуваше меѓуверска и меѓунационална омраза како што тоа го прави со години.
Со тоа Иванов ги погази вредностите на илинденското востание и заседанието на АСНОМ.
Говорот на Иванов беше срам за илинденците, срам за сите што се жртвувале за идејата за слободна, независна република Македонија.
Со таквото антидржавно однесување, Иванов повторно покажа дека не е достоен за функцијата што ја извршува.
Почитувани,
Големиот празник вчера јасно покажа кој е иднината, а кој не влече назад кон темното минато.
Граѓаните и политичките партии кои навистина се за ЕУ и НАТО, се обединија и избираат иднина наместо небиднина.
Иванов останува изолиран во своето антидржавно однесување, заглавен во минатото на криминал и неизвесност. Иванов останува на темната страна од македонската историја.
Костадин Костадинов,
Социајл-Демократски Сојуз на Македонија (СДСМ)