Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
Од 01.07.2018 година започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период.
На државните патишта во Република Македонија за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури се забранува движење на возилата чија вкупна маса преминува 15 тони.
На магистралниот пат А2 делница Скопје-Охрид-Скопје за време на викендите се забранува движење на возила над 7,5 тони.
Подетални информации за термините прочитајте подолу во Состојба на патишта.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
РАБОТИ НА ПАТ:
ВИАДУКТ ТРЕЈД-Гостивар ќе изведуваат градежни активности за изградба на пешачка патека на потег Петровец – Р’жаничино, дел од регионален пат Р – 1102, Општина Петровец, Скопје во времетраење од деведесет дена почнувајќи од вторник (26.06.2018).
Друштвото АСФАЛТ ДООЕЛ СКОПЈЕ известува дека поради изведување на градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатна станица Гевгелија во периодот од 21.06.2018 г. до 18.10.2018 г. на магистралниот пат А1, делница Демир Капија-Гевгелија, наплатна станица Гевгелија и обратно воведена е времена измена на режим на сообраќајот и поставена е соодветна сообраќајна сигнализација на оваа делница. Измената ќе трае до завршување на градежните работи и возачите се предупредуваат да пристапуваат внимателно.
Од 21.05.2018 година започна изградбата на Експрес пат А4, Штип- Радовиш, на следниот потег: клучка Штип југ (Софилари)- Бучим (км 5+000 до км 28+560) согласно Договор бр. 001-ЕБРД/17.
Продолжуваат градежните работи за рехабилитација на државниот пат А2 делница од Гостивар ( мост кај село Здуње ) до село Колари, како и санација на мостовите на истата делница во должина од 28,5 км. Истовремено се изведуваат градежни работи на санација на мостовите на истиот државен пат. Во моментот се изведуваат градежни работи на мост Атанасова Река во должина од 110 м1. Сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента и истиот е регулиран со семафори. Вкупното времетраење на рехабилитацијата на сообраќајницата и мостовите е предвидено да трае 15 месеци односно завршувањето на градежните активности барем во овој момент е предвидено да завршат 2018 година во месец септември.
ДГ Бетон АД Скопје известува дека од 21.02.2018 има градежни активности за Рехабилитација на државниот пат Р1102, делница од Петровец до Катланово, во делот од натпатникот Коњари кон Катланово (стариот пат). За таа потреба, воведена е времена измена на режимот на сообраќајот и поставена е соодветна сообраќајна сигнализација на истата делница.
ГП ИЛИНДЕН – Струга известува дека од 30.01.2018 год. на регионалниот патен правец Р – 1301 од Билјанини извори – Населба Коњско ќе започне измената на режимот на сообраќај поради изведување на градежни работи на пат. На местата на градежните работи ќе биде поставена вертикална и хоризонтална сигнализација.
На магистралниот пат А2 патен правец Кичево – Охрид ( Пресека – Песочан ) од 3+300 км до 5+600 км од 21.12.2017 воведена е времена измена на сообраќај со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Известување за времена измена на режим на сообраќај. На магистралниот пат А2, делница Струга – Граничен премин Ќафасан започнува измената на возниот режим за сообраќај на 08.12.2017 од 14ч. а ќе трае до завршување на градежните работи. Проодноста ќе биде обележана со вертикална и хоризонтална сигнализација.
Од 15.11.2017 година започнаа градежни активности за изградба на клучката Ванчо Прќе на Експресен пат А3, делница од Пробиштип до с. Крупиште на регионланиот пат P1205. За таа потреба е воведена времена измена на режим на сообраќајот и поставена е соодветна сообраќајна сигнализација на оваа делница.
ДГ Бетон АД Скопје известува дека од 20.10.2017 год. започнаа градежни активности за реконструкција и рехабилитација на државниот пат А2, делница Сарај – Групчин. За таа потреба е воведена времена измена на режимот на сообраќај. Возачите ги предупредуваме да ја почитуваат новопоставената сообраќајна сигнализација на споменатата делница.
Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско – Неготино кај Стоби на река Црна, десната лента се затвора за сообраќај, a сообраќајот се одвива по левата коловозна лента. Поставена e соодветна сигнализација.
На патниот правец Р 1308 Макази – г.п. Маркова Нога поради свлечиште кај м.в. Долги Рид сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.
Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.